Италијанскиот фудбалски репрезентативец, 24-годишниот Марко Верати ги договорил сите детали со каталонскиот фудбалски гигант Барселона, меѓутоа според францускиот печат Пари Сен Жермен не сака да го продаде.
Донато Ди Кампли, менаџерот на Марко Верати, се состанал со челниците на Барселона и го договорил сите поединости околу договорот. Меѓутоа, ПСЖ не сака да се откаже најдобар играч, а за да го смират неговото незадоволство му понудиле нов договор со годишна плата од 10 милиони евра.
Ди Кампли открива дека Верати го посакуваат уште неколку европски гигант, меѓу кои е и германскиот шампион Баерн Минхен, но италијанскиот играч од средниот ред сака да замине единствено во Барселона.
Се нагаѓа дека Барса е подготвена да исплати дури 100 милиони евра отштета за Италијанецот кој во ПСЖ пристигна во 2012 година од калчо лигашот Пескара.