Вердер вторпат во историјата испадна од Бундеслигата, Левандовски го мина рекордот на Герд Милер

Во последното коло од германската Бундеслига во саботата новата титула минхенски Баерн ја прослави со победата од 5:2 против Аугсбург.

Петтиот погодок за Баварците го постигна во 90 минута полскиот напаѓач Роберт Левандовски и со тоа го урна 49 години стариот рекорд на легендарниот голгетер на Баерн, Герд Милер, според бројот на головите постигнати во една првенствена сезона. Милер во сеозната 1971/1972 постигна 40 погодоци, а Левандовски во оваа 2020/2021 сезоната постигна 41 гол.

И „норвшеката машина“ за голови, младиот Ерлинг Халанд повторно беше стрелец, на два погодока, во победата на Борусија Дортмунд против Баерн Леверкузен со 3:1. Халанд оваа сезона ја заврши со фантастични 41 гол во 41 натпревар во сите натпреварувања за „Милионерите“.

Вердер Бремен во саботата дома загуби од Борусија Менхегладбах со 2:4 и тоа откао губеше со 0:4 до 81 минута, и испадна во втората лига. Ова е вторпат во историјата на Вердер да одат во понизок ранг, откако претходно во сезоната 1980/1981 се преселија во Втората лига.

На Борусија Менхенгладбах, пак, победата не ѝ помогна да се пласира во европската Конференциска лига, место коешто го зазема Унион Берлин, кој го победи РБ Лајпциг со 2:1 со голот на Макс Крузе во втората минута од судското продолжение на натпреварот.

Победнички гол во судското продолжение постинга и Андреј Крамариќ за триумфот на неговиот Хофенхајм од 2:1 над берлинска Херта, со што се искачи на четвртото место на листата на стрелците со 20 голови,

Арминија Билефилд со 2:0 го победи Штутгард и со тоа го сочува прволигашкиот статус, додека Келн кој со 1:0 го победи одамна отпишаниот Шалке 04, ќе мора да настапи во разигрувањето за опстанок во Бундеслигата.

Во натпреварот без натпреварувачко значење Волфсбург дома беше поразен од Мајнц со 2:3.

На врвот на Бундеслигата работите беа решени и пред последното коло. Баерн уште претходно ја обезбеди титулата. РБ Лајпциг, Борусија Дортунд и Волгсбург, исто така, одат во Лигата на шампионите, а Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен се пласираа во Лига Европа.