Верижен судир кај Мавровка

Три возила се судриле утринава кај подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на ТЦ Мавровка.

Во несреќата учествувале автомобили „Опел“, „Голф“ со скопски регистерски ознаки и „Пежо“ со велешки таблички.

Засега нема информации за евентуални повредени лица, а повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид.