Верижен судир во Белград: Се искршија шест автомобили, има и повредени

Верижен судир се случил утрово околу девет часот на мостот Газела во Белград.

Во несреќата учествувале пет-шест автомобили, но за среќа нема жртви.

-При несреќата на мостот Газела полесно се повредени три лица. Тие се пренесени на Ургентен центар, додека четврто лице ја одбило лекарската помош, изјавила за српски Курир портпаролката на Итната помош, Нада Мацура.

Сообраќајот во насока кон Нов Беград е во прекин.