Белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Томас Вермален е најновата желба на новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир.
Италијнаските медиуми се убеденид ека големи се шансите за реализиација на најавениот трансфер на 28-годишниот дефанзивец кој се повеќе е незадоволен од минутажата која ја добива во актуелната сезона и поради истата веќе најави промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.
Доколку ја прифати понудата на Тохир, да потпише тригодишен договор, Вермален ќе си обезбеди годишна плата од 25 милиони евра, а неговиот актуелен клуб очекува заработувачка од најмалку 11 милиони евра.