Версај веќе седми пат евакуиран поради безедносна закана

Дворецот Версај близу Париз е повторно евакуиран во неделата, по анонимна закана со бомба, објави француската полиција.

Припадници на безбедносните служби вршат проверка на територијата на париската туристичка дестинација. Ова е седмото евакуирање на посетителите и затворање на дворецот во последните осум дена поради везбедносни закани.

Иако во петокот беше уапсен 37-годишен осомничен за закани во Версај, заканите со бомби продолжија а досега се покажа дека сите биле лажни. Стотици училиште низ Франција, како и регионалните аеродроми беа цел на слични закани последните денови. Властите велат дека млади лица стојат зад бројните лажни дојави.

Француската влада се закани со затвор и високи парични казни за оние кои испраќаат закани за бомби, а властите се сомневаат дека можеби за тоа се одговорни млади луѓе и деца. Според француските закони, ваквите повици се казнуваат со затвор до три години и парична казна од 45.000 евра.

Франција е во највисок степен на приправност од петокот, откако 20-годишник со нож уби учител и тешко повреди уште две лица во градот Араса на северот од земјата.

Кабинетот на претседателот Макрон најави дека војниците на неодредено време ќе бидат мобилизирани во рамките на актуелната операција на безбедносни патролирања низ големите градови и туристички дестинации.

Веднаш по нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел кој возврати со удари во Појасот Газа, е зголемено обезбедувањето пред еврејските училишта и синангоги, имајќи предвид дека во Франција се двете меѓу најголемите во Европа арапски и еврејски заедници.

Франција со години е цел на исламистички напади, од кои најлошиот беше на 13-ти ноември 2015 години, кога џихадистичките напаѓачите во концертната сала „Батаклан“ и на терасите од локалите во Париз, како и кон приодите на стадионот „Стад де Франс“ на кој се играше пријателски фудбалски селекции на Франција и Германија, и вкупно загинаа 130 луѓе.