![verstapen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/verstapen.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Ништо ново во Формула 1, Макс Верстапен ја запиша 17. победа во сезоната. Холанѓанецот извозе нова доминантна трка, овојпат на патеката „Интерлагос“ во Бразил и го потврди и триумфот во саботниот спринт.
На второто место со сериозен заостанок заврши Ландо Норис, а во „фото-финиш“ профитираше Фернандо Алонсо. „Стариот лисец“ успеа да го прејде Серхио Перез и го фати последното место на подиумот, во трка до последниот метар пред целната линија, па одново ги собра симпатиите и аплаузите на публиката.
Во бодови завршија уште Строл, Саинц, Гасли, Хамилтон, Цунода и Окон.