Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул ја освои најдобрата стартна позиција за денешната спроктн трка на патеката во белгиски Спа Франкоршам.
Верстапен беше само 11 илјадитинки пред Австралиецот Оскар Пјастри од тимот на Мекларен. Трет беше Шпанецот Карлос Саинц од Ферари.
Денешната спринт трка стартува во 16,30 часот, а нови бодови во генералниот пласман од Светското прввенство ќе ги освојат најбрзите осум возачи.
Две вакви натпреварувања веќе се одржаа оваа година. Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул беше најбрз во Баку, а Верстапне во Шпилберг.
Тргата за Големата награда на Белгија се вози во недела од 15 часот. Најдобрата стартна позиција ја има Шарл Леклер од Монако од Ферари, додека Верстапен поради казната поради проблеми со моорот според пропозициите ќе мора да ја започне тркаата од шестата позиција.