Актуелниот светски првак и моментално водечкиот во генералниот пласман во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е победник на трката за Големата награда на Германија возена во неделата на патеката Хунгароринг.
За Верстапен ова е веќе осмата победа во 13-те досега одржани трки и 28-ма во кариерата.
До второто место дојде Британецот Луси Хамилтон од Мерцедес, додека трет беше неговиот сонародник и клупски колега Џорџ Расел.
Победата на Верстапен е уште „потешка“ затоа што стартуваше во трката од десеттата позиција, откако на саботните квалификации имаше технички проблеми со болидот. Но тимот на Ред Бул со добрата тактика го надомести лошиот старт.
„Кој би кажал дека ќе победиме. Секако дека се надевав дека ќе се приближам на пиедесталот. Но имавме многу добра стратегија и секогаш влегувавме во боксот во вистинско време“, рече по трката Верстапен.
Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, беше вон себе извикувајќи само „Ова е неверојатно! Фантастично!“.
Шпанецот Карлос Санјц од Ферари беше четврти, а моментално вториот во генералниот пласман неговиот клупски колега Шарл Леклер од Монако беше само шести.
По трката крај Будимпешта настапува летната пауза до 28-ми август, кога е на ред трката за Големата награда на Белгија.
РЕЗУЛТАТИ
1. Макс Верстапен (Холандија) Ред Бул 1:39:35.912
2. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес +7.834
3. Џорџ Расел (Велика Британија) Мерцедес +12.337
4. Карлос Саинц (Шпанија) Ферари +14.579
5. Серхио Перез (Мексико) Ред Бул +15.688
6. Шарл Леклер (Mонако) Ферари +16.047
7. Ландо Норис (Велика Британија) Мекларен +1:18.300
8. Фернандо Алонсо (Шпанија) Алпен +1 круг
9. Естебан Окон (Франција) Алпен +1 круг…
10. Себастијан Фетел (Германија) Астон Мартин +1 круг
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Макс Верстапен (Холандија) Ред Бул 258
2. Шарл Леклер (Mонако) Ферари 178
3. Серхио Перез (Мексико) Ред Бул 173
4. Џорџ Расел (Велика Британија) Мерцедес 158
5. Карлос Саинц (Шпанија) Ферари 156
6. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес 146
7. Ландо Норис (Велика Британија) Мекларен 76
8. Естебан Окон (Франција) Алпен 58
9. Валтери Ботас (Финска) Алфа Ромео 46
10. Фернандо Алонсо (Шпанија) Алпен 41 …
ПЛАСМАН КОНТСТРУКТОРИ
1. Ред Бул 431
2. Ферари 334
3. Мерцедес 304
4. Алпски 99
5. Мекларен 95
6. Алфа Ромео 51
7. Хас 34
8. АлфаТаури 27
9. Астон Мартин 20
10. Вилијамс 3 …