Верстапен пред Хамилтон во Остин

Холандскиот пилот во класата Формила 1, Макс Верстапен во тимот на Ред Бул победи ноќта кон понеделникот по македонско време на трката за Големата награда на САД возена во Остин во Тексас, и на пет трки до крајот на сеозната има водство пред актуелниот шампиони Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес.

Верстапен пред 140.000 гледачи победи со 1,3 секунди пред Хмилтн кој мораше да се задовли со второто место, но освои бонуис бод за најбрз круг.

Мексиканецот Серхио Перез од Ред Булл стаса до победничкиот пиедестал како трет, а Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферари беше четврти, а петтата позиција ја зазема Австралиецот Даниел Рикардо од Мекларен-Мерцедес.

Хамилтон подобро стартуваше и до првиот свиок го презема водството пред Верстапен. Холанѓанецот ја врати првата позиција во 14-от круг кога Британецот отиде во боксот. Кон крајот на 29-от круг Верстапен повторно влезе во боксот по нов сет тврди гуми, додека Хамилтон тоа го стори во 37-от круг враќајќи се на патеката со 7,8 секунди заостанување.

Десет кругови до крајот на трката Хамилтон беше три сеунди зад Верстапен, во 49-от круг разликата беше само 1,8 секинди, а во последните три круга влегоа со разлика од 1,6 секунди. Но Холанѓанецоте ги издржа сите напади и ја оствари осмата победа сезонава и 18-та во кариерата.

Верстапен води во генералниот поредок со 287,5 поени, пред Хамилтон со 275,5. Далеку заостнува Финецот Валтери Ботас со 185, па Перез со 150, а во првите петмина е уште еден Британец Ландо Норис со 149 бодови.

Кај конструкторите Мерцедес е во водство со 460,5 бодови, пред Ред Бул-Хонда со 437,5, па следат Мекларен- Мерцедес со 254, Ферари со 250,5 и Алпен- Рено со 104 бодови.

Следната трка ќе се вози на 7-ми ноември за Големата награда на Мексико.