Верстапен во последен миг ја сочува победата во Имола

Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е победник на Големата награда на Емилија Ромања на патеката во италијанска Имола, седмата трка од Светскиот шампионат во Формула 1.

Ова е 59. победа во кариерата за бранителот на титулата и лидер оваа сезона во Светското првенство во елитната класа, а петта сезонава.

На крајот, Верстапен победи со само 0,7 секунди пред Британецот Ландо Норис во тимот на Мекларен.

До десет круга пред крајот Верстапен имаше сигурно водство, но поради проблеми со гумите, Норис почна да ја намалува разликата. На самиот крај Британецот имаше минус од 2,3 секунди, на пет круга пред крајот на 1,5 секунди, но Холанѓанецот успеа да се одбрани.

„о видов Ландо како се приближува, но во последните десет круга не можев да си дозволам премногу грешки. Тешко е кога гумите не работат”, изјави победникот.

„Ме боли што тоа морам да го кажам, но уште еден или два круга и јас би го имал. Мислам дека сега сме во момент кога можеме да кажеме дека сме во позиција со Ферари и Ред Бул, сега се бориме за првото или второто место“, додаде Норис.

Шарл Леклер во Ферари беше трет со 7,9 секунди заостанување.

„Не успеавме да славиме, но сè уште сме на подиумот. Бевме многу брзи на почетокот, но подоцна Мекларен беше многу, многу брз. Но, неверојатно е да се биде на подиумот со сите тивози во Имола. Многу во благодарам“, рече Леклер.

Во генералниот пласман за Светското првенство, Верстапен (161 поен) ја зголеми предноста на 48 поени пред Леклер. Серхио Перез е трет (107), додека Норис е четврти (101).

Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Монако.