„Курир“: Верушевски олицетворение на деструктивноста на СДСМ

Зоран Верушевски во текот на целиот период на самостојност себеси се промовираше во поим кој ја опфаќа сета деструктивност, подметнување, задкулисно работење и нечесност во политиката, пишува „Курир“.

Верушевски целиот период на црната транзиција го мина во МВР

„Курир“ меѓу другото се осврнува и на работната биографија на екс разузнавачот, првообвинет во случајот „Пуч“. Порталот потсетува дека Зоран Верушевски потекнува од Струга, а докторирал на безбедносни науки во Скопје.

Во политиката е познат како сенка на Бранко Црвенковски, од која сенка и дури и самиот Црвенковски понекогаш имал страв. Целиот свој работен век го има минато во разузнавачките структури на Полицијата, секогаш во врвот на истата кога СДСМ се на власт. Го напушти МВР кога СДСМ си замина од власт во 1998 година. Целиот период на црната транзиција го мина во МВР, а токму тој период остана во историјата запаметен по шверц на нафта и цигари кон Србија, непочитување на правото, затворање на многу фирми и досега уште неразјаснети убиства. Тој како еден од водечките челници во МВР, беше директен учесник во сите овие сценарија кои ја урнисаа државата. Верушевски продолжи да работи  против  интересите на граѓаните и кога СДСМ отиде во опозиција. Неговото име се поврзуваше со Бранко Црвенковски и тогаш промовираната афера „Големото Уво“, потсетува „Курир“.

Инаку порталот потсетува дека аферата „Големо уво“, заврши со делење на неколку транскрипти од незаконски снимените разговори на новинарите на прес-конференција, додека креаторите и реализаторите на аферата останаа на слобода. Потоа следеше воениот конфликт и СДСМ повторно обезбеди влез во техничка Влада со ВМРО ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски. Слично сценарио гледаме и сега, после цели 14 години.

По 14 години сценариото се повторува

Откако СДСМ на сомнителен начин се врати на власт во 2002 година, Црвенковски мораше да  му се одолжи на Верушевски за сработеното, па истиот беше  именуван за шеф на тајната полиција.

katica-janeva-izjava-640x421

Верушевски на оваа позиција дојде со еден куп “валкан веш“– два државни стана добиени со лажна изјава и земање на 24 плати или околу 10 илјади евра при напуштањето на асистенското место на Факултетот за безбедност. Прекршувајќи го законот за  работни односи, со кој беше прецизирано дека лицето кое напуштило работно место со 24 плати, во наредните две години не смее да се вработи во истата дејност, како во случајов во државни и јавни установи. Ова не беше пречка за СДСМ бидејќи тие беа навикнати и на покрупни изигрувања на законот.

Во истиот мандат СДСМ врати уште една услуга, но овој пат на оние кои од надвор им помогнаа да ја дестабилизираат државата па во 2004 година еднаш за секогаш ја прекроија Република Македонија, со територијалната поделба ги направија Струга и Кичево од општини со македонско мнозинство, општини со албанско мнозинство. Ова граѓаните не им го заборавија. Па на наредните парламентарни избори отидоа во опозиција.

Помилувањето на малиот Верушевски, доказ за тесните релации со Црвенковски

Скандалите на Зоран Верушевски ги презеде синот Александар, па таму каде застана таткото, продолжи тој со заштита токму од таткото. Малиот Верушевски заврши во затвор осуден на 2 години за повеќе кривични дела.  Казната не ја одлежа во целост бидејќи таткото успеа да се испазари со Црвенковски, кој тогаш беше Претседател на Република Македонија.

Помилувајќи го Александар Верушевски, Црвенковски уште еднаш потврди дека со Верушевски делат многу работи.

Ова стана уште појасно откако Мирка Велиновска во колумна за Нова Македонија од 20.03.2015 година обелодени една средба помеѓу неа и Верушевски. На таа средба Верушевски ја повикал Мирка во неговиот стан обелоденувајќи и снимени разговори од целиот врв  на СДСМ.

Верушевски побарал…