Весела Чернева, бугарска пратеничка и советничка на екс-бугарскиот премиер Кирил Петков е под истрага дека ѝ оддала тајни информации на Македонија во преговорите меѓу Скопје и Софија.
Чернева е обвинета дека го „координирала ставот на бугарското министерство за надворешни работи со македонски државјанин во текот на преговарачкиот процес на македонија со Европската унија“.
Информацијата, без да го наведе името, ја сподели Пламен Тончев, шефот на државната агенција за национална безбедност – ДАНС, за време на расправата во бугарското собрание..
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи пак, за порталот 360 степени изјави дека во тој период при разговорите со Чернева бил направен најмал исчекор.
– Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори – вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за 360 степени.
Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори.
Се шпекулира дека хајката против Чернева е со цел да се делегитимира партијата „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и нејзиното учество во можната нова влада која треба да има ротациски премиер. Мандатот за формирање влада го доби Никола Денков од про-западната партија „Континуирана промена“.