Вештачењето во Србија ги потврди сомнежите за несоодветно лекување пациенти на Онкологија

После година и неколку месеци, се гледа крајот на истрагата за скандалот на Онкологија. До крајот на јануари истражната постапка ќе заврши и ќе има обвинение – вели државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Обезбедени се две вештачења од Србија и Словенија. Во 16 медицински истории на болни со канцер кои се вештачеле во Србија е потврдено дека пацинетите не биле соодветно лекувани. А месецов се очекуваат и резултатите од словенечките вештаци.

„Веќе го гледам крајот на истажната постапка за Онкологија.Резултатите од вештачењето во Србија се готови. Тие покажуваат дека потврдено е за 16 медицински истории дека пацинетите не биле соодветно лекувани.Во Словенија се испратени 51 историja на пациенти но резултатите од ова вештачење не се готови.Ова покажува дека сомнежите за несоодветно лекување на Клиниката за Онкологија се потврдени.Се очекува до 31 јануари завршува истрагата и ќе има обвинение.Дополнително се истражува и кражба на цитостатици” информираше на брифингот јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Истрагата се уште бара докази кој се богател на грбот на најтешко болните и препродавал терапија?

Во септември 2023 година изби најголемиот скандал во историјата на македонското здравство. Каде се препродавала скапата биолошка терапија на црно со сеседни земји. Во овој “мега” скандал на распит беа доктори, медицински сестри и директори на клиниката, и пацинети.

Во Собранието беше формирана и Анкетната Комисија каде се бараше отчет и од поранешните министри за здравство.Заклучокот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ беше политичката одговорност да носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната директорка на здравствениот инспекторат, Ирина Бухов. Ова за СДСМ беше неприфатливо.