Американски компјутерски научник во средата ја загуби правната битка за регистрирање на пронајдоци создадени од неговиот систем за вештачка интелигенција (AI) во историскиot случај во Велика Британија за тоа дали вештачката интелигенција може да поседува патенти.
Стивен Талер сакаше да му бидат доделени добие два патентa во Велика Британија за пронајдоци за кои тврди дека се создадени од неговата „машина за креативност“ наречена DABUS. Британската канцеларија за интелектуална сопственост го одби неговото барање за регистрација на патент врз основа на тоа дека пронаоѓачот мора да биде човек или компанија, а не машина.
Талер поднесе жалба до Врховниот суд на Велика Британија, кој во средата едногласно ја отфрли неговата жалба, бидејќи според британскиот закон за патенти „пронаоѓачот мора да биде физичко лице“.
„Оваа жалба не се занимава со поширокото прашање дали треба да биде возможно да се патентираат техничките достигнувања создадени од машини кои работат автономно користејќи вештачка интелигенција. Ниту, пак, се осврнува на тоа дали значењето на терминот ‘пронаоѓач’ треба да се прошири… да вклучи машини кои користат вештачка интелигенција за да создадат нови и неочигледни производи и процеси за кои може да се смета дека нудат поголеми придобивки од веќе познатите производи и процеси“, наведува судијата Дејвид Китчин во пресудата.
Талер загуби слична правна битка претходно оваа година во Соединетите држави, каде што Врховниот суд одби да ја разгледа жалбата на одбивањето на американското биро за патенти и трговски марки да одобри патенти за неговите пронајдоци на системот за вештачка интелигенција.
Џилс Парсонс од адвокатската канцеларија „Browne Jacobson“, кој не бил вклучен во случајот, вели дека одлуката на Врховниот суд на Обединетото Кралство не е изненадувачка.
„Оваа одлука, во овој момент, нема да има значаен ефект врз системот за патенти. Затоа што, засега, вештачката интелигенција е алатка, а не актер. Очекувам тоа да се промени на среден рок, но можеме да се справиме со овој проблем кога ќе се појави“, смета Парсонс.