Првиот од трите т.н. „вештаци“ кои треба да сведочат пред судот денес, на судењето за настаните на 27-ми април, призна дека нема лиценца за вештак, односно дека не е вешто лице и наместо вештачење, како што тоа се обидува да го претстави Рускоска, изготвил – извештај, објави Курир.
За да еден предмет се извештачи и тоа да се користи како доказ на суд, мора да го извештачи лице кое има лиценца за вештачење, а се друго не може да се третира како релевантен доказ.
Ова лице призна и дека не е впишано во регистерот на вешти лица, со што дефакто се што сработило е на ранг на обичен извештај, а не вештачење какво што е нужно за да биде презентирано и изведено како доказ на судење.
Ова е сериозно и грубо прекршување на постапката, односно обид на Рускоска како вештачење да прикаже нешто што го изготвил човек кој не е вештак – што е спротивно на законот за кривична постапка.
Дополнително, лицето на прашање од адвокатите призна дека при анализирањето на она што му било дадено „за вештачење“ (иако не е вештак), користел два компјутерски програми, од кои за едниот програм исто така – немал лиценца.
Познавачите на кривичното право со кои се консултиравме се децидни дека вакви „вештачења“ од нелиценцирани вештаци на пиратски софтвер може да се земат за докази само во Бангладеш и веруваат дека судот нема да ги дозволи како докази, објави Курир.