Веспрем е шампион во СЕХА лигата

Веспрем ја продолжи својата доминација во СЕХА-лигата откако унгарскиот гигант вечерва се закити со нов трофеј, во финалето триумфирајќи над Загреб со резултат 32-30.

Избраниците на Момир Илиќ се соочија со сериозен предизвик откако по првото полувреме се најдоа во негатива од шест погодоци, но сепак блеснаа кога беше најважно и со огромен пресврт во вториот дел стигнаа до пехарот, петти за Веспрем од формирањето на регионалното натпреварување.

Јахија со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, по пет погодоци за Веспрем постигнаа Лауге, Штрлек и Мае, додека кај Загреб најдобар поединец повторно беше Чупиќ, реализирајќи осум гола од десет обиди.