![vest hem](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/vest-hem.jpg?resize=696%2C366&ssl=1)
Во последниот дуел од второт коло на англиското фудбалско првенство игран во понеделникот вечерта, Вест Хем Јунајтед со 4:1 го порази Лестер Сити.
Домашните поведоа во 26 минута преку Пабло Форналис, а кон крајот на првото полувреме гостите останаа со играч помалку откако од игра беше исклучен Ајозе Перез.
Во првиот дел од второто полувреме „Чеканите“ успеја да ја материјализираат предноста во 56 минута со голот на Саид Бенхрама, но Лестер не се предаваше и успеа да намали во 69 минута кога стрелец беше Јури Тилеманс. Сепак, во завршницата гостите немаа сила да дојдат до израмнување, а Мичејл Антониот со двата брзи погодока во 80 и 84 минута го реши прашањето на победникот.
За суперионоста на Вест Хем зборува и податокот дека неговите играчи упатија 19 удари од кои 7 завршија во рамките на противничкиот гол, додека за Лестер овој податок инзесува 1 од 5 обида. Исто така, домашните изведоа 10 удари од аголот, а гостите ниеден.
Вест Хем е на чело на табелата, ја предводи групата од пет тимови кои ги имаат максималните шест бодови по воведните две кола, а Лестер со половичен учинок е на 13-то место.