![derala](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/derala.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Во врска со написот и текстот објавен на провладиниот Фронтлајн, „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од корона вирусот” вели во својата објава амбасадорот Оливер Шамбевски.
„Нема дно кое СДСМ не може да го пробие. Медиум под контрола на власта во континуитет шири лажни вести по насока на Сдм и Зоран Заев. Профитерот Заев шири лажни вести и ја злоупотребува кризаната со корона вирусот за да ја сокрие неспособноста. Штабскиот пара портал Фронтлајн продолжува да шири паник во име на СДСМ.
Сликата која порталот Фронтлајн ја објавува и ја презентира како да е сликана вчера е слика која е направена пред најмалку една година и е далелу порано од пред започнување на кризатасо Корона Вирусот..
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги почитува препораките на СЗО и дејствува во согласност со најдобрите здравствени пракси за справување со Корона вирусот – мерки, кои преку партиските пресконференции и се предложени и на власта со цел општа имплементација.
Очигледно е дека СДСМ не може да го помине денот без да шири омраза и паника преку лажни вести, па дури и кога граѓаните се во грижа и страв како најбезбедно да го поминат периодот, тие не пропуштаат прилика да ја манипулираат јавноста.
Ова покажува дека профитерот Заев е спремен на се само за да ја сокрие неспособноста на владата која е видлива во секое поле“, се вели во реакцијата на Шамбевски
Всушност станува збор за објава на наводно независниот аналитичар и самонаречен активист близок на СДСМ, Џабир Дерала, кој преку својот портал Фронтлајн, каде е главен уредник, а всушност се работи за ширење лажни вести.
На порталот е објавена фотографија стара четири години со насловот „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од коронавирусот“.
„На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот директор на Секретаријат за европски прашања и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумоски, како го прославува својот 40 роденден во широко друштво. Во позадина може да се види дека на прославата е присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“, пишува Дерала.
Но, оваа фотографија е стара цели четири години и објавувајќи ја Дерала свесно манипулира со граѓаните и шири лажни вести.
.