Објавата на британската принцеза од Велс, Кетрин Кејт Мидлтон, која во петокот јавно откри дека се лекува од рак, конечно треба да стави крај на сите шпекулации за нејзиното здравје, велат коментаторите на случувањата во и околу кралското семејство.
Гласините и озборувањата за нејзината здравствена состојба кружат на социјалните мрежи, весниците, па дури и во некои американски ток-шоуа уште откако Кејт во јануари беше подвргната на операција на абдоменот, кога мораше да паузира со своите кралски ангажмани.
Кралската биографка Клаудија Џозеф во интервју за Reuters изјави дека „се надева дека сега шпекулациите ќе престанат“. „Се надеваме дека шпекулациите ќе престанат, но во реалноста социјалните медиуми и луѓето честопати се неверојатно виртуелни и постојано тролаат луѓе… шпекулираат и изговараат апсолутна глупост“, вели Џозеф.
Иако канцеларијата на Кејт во дворецот Кенсингтон објави дека не се очекува принцезата да се врати на вообичаените кралски активности пред Велигден, кој се паѓа на 31-ви март, нејзиното отсуство не ги спречи шпекулациите кои се проширија и станаа насловни страници низ светот.
Гласините и шпекулациите особено се интензивираа откако нејзиниот сопруг, престолонаследникот Вилијам, неочекувано ја пропушти заупокоената литургија одржана во Виндзор за неговиот кум, покојниот грчки крал Константин Втори, поради, како што беше соопштено, „лични причини“.
Дворецот Кенсингтон во саботата потврди дека отсуството на Вилијам од литургијата дошло откако дознале за дијагнозата на Кејт.
Кулминација на шепкулациите по објавувањето на фотографијата
Гласините дојдоа до израз откако Кејт се извини претходно овој месец, откако нејзината канцеларија објави доправана фотографија од неа со нејзините деца за Денот на мајката.
Дури и видеото на Вилијам во блиската продавница за здрава храна минатиот викенд не успеа да ги замолчи теоретичарите на заговор или индивидуалните барања кралското семејство да објави информации за состојбата на принцезата.
„Принцезата сакаше да ги сподели информациите со јавноста во моментот кога таа и принцот сметаа дека е соодветно и соодветно за нив како семејство“, рече Кенсингтонската палата.
Во видео пораката, Кејт објасни дека таа и Вилијам се решени да ја заштитат својата приватност и да им дадат време на своите деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) да разберат што се случува.
„Тоа беа неверојатно тешки неколку месеци за целото наше семејство, но имав на располагање фантастичен медицински тим кој одлично се грижи за мене, за што сум многу благодарна“, изјави принцезата.
„Ова, се разбира, дојде како огромен шок и Вилијам и јас правиме сѐ што можеме да го одбработиме и решиме ова приватно за доброто на нашето младо семејство“, порача Кејт.
Познато е дека Вилијам жестоко ја заштитува приватноста на своето семејство и беше гневен кога француски магазин објави топлес фотографии од Кејт во 2012 година, направени од далечина.
Кралските експерти сметаат дека пораката на Кејт до јавноста е реакција на бројните шпекулации и начин да се стави крај на нив.
„Не сме навикнати на вакво нешто и мислам дека ова е директен одговор и реакција на пишувањето на социјалните мрежи за да се запрат сите шпекулации“, изјави Ерин Хил, експертка за кралското смејство и уредничка на американското списание People.
„Мислам дека таа само реши директно да зборува за ова, за да ги запре шпекулациите за тоа како и оди. Самата пред камера реши да даде многу лична објава.