![vestbruk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/vestbruk.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Играчот на Оклахома Сити Тандерси, Расел Вестбрук запиша историско достигнување, откако го реализираше 10-тиот последователен трипл-дабл во НБА.
Во натпреварот против Портланд, Вестбрук запиша 21 поен, 14 скокови и 11 асистенции. Тандерси го освоија натпреварот со 120:111.
30-годишниот Вестбрук стана првиот играч во историјата на НБА со десет последователни трипл-дабл, претекнувајќи ја легендата Чемберлен, кој постигна девет во 1968-та година.
Њујорк Никс забележаа анти-рекорд по поразот на 17-тиот последователен натпревар. Никс на гости загубија од Кливленд Кавалирс со 104:107.
Њујорк е последен во Источната конференција со само 10 победи во 56 натпревари. Тимот последен влезе во плејофот во сезоната 2012/13.
Џејмс Харден го забележа 30-тиот натпревар по ред со повеќе од 30 поени. Харден и неговиот Хјустон го совладаа Далас со 120:104.
29-годишниот кошаркар заврши со 31 поен, 10 скокови и 8 асистенции.
Од останатите натпревари:
Детроит Пистонс – Вашингтон Визардс 121:112
Индијана Пејсерс – Шарлот Хорнетс 99:90
Торонто Рапторс – Бруклин Нетс 127:125
Чикаго Булс – Милвоки Бакс 99:112
Хјустон Рокетс – Далас Маверикс 120:104
Минесота Тимберволфс – Лос Анџелес Клиперс 130:120
Денвер Нагетс – Мајами Хит 103: 87.