Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од придонеси на медиумските работници е насочен кон подобрување на стандардот на новинарите и медиумските работници, вели Стоилковски

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ медиумските работници да бидат ослободени од придонеси и посочи дека со овој предлог ќе се подобри стандардот на новинарите и медиумските работници.

-Помошта е директно насочена кон подобрување на стандардот на новинарите и медиумските работници, значи тука да не ги заборавиме монтажерите, техничари, камермани, сниматели, сите што работат во делот на медиумите, рече Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски во текот на своето гостување се осврна на акцијата „Важно е! Донирај, подари радост“ и укажа дека тоа е една прекрасна акција за да им се помогне и на оние кои не се во можност да си приуштат одредени намирници за новогодишните и божиќните празници.

-Сакам да ја поздравам акцијата која тече неколку дена низ Скопје и поголемите градови „Важно е! Донирај, подари радост“. Навистина прекрасна акција и навистина прекрасен одзив има кај граѓаните кои споделуваат во овие тешки моменти за Македонија, и за економијата, за секое семејство при подготовка за празнување на новогодишните и божиќните празници, споделуваат од она што го имаат, од она кое што можат да си го приуштат за оние кои не се толку во можност да си набават сами. Преставници од УМС стојат пред марктетите, ќе ги забележите имаат убав штанд, ќе ви дадат и списоци од она што е потребно на оние кон кои што е наменета оваа донаторска акција, потенцираше портпаролот Стоилковски.

Стоилковски ги коментираше и анкетите каде ВМРО-ДПМНЕ е со двојно водство и објасни зошто ВМРО-ДПМНЕ е со толку големо водство.

-Никогаш од сега не било полошо за Македонија и затоа оттука и толкава разлика во рејтингот на политичките партии на власт и на опозиција. Еве пред некој ден ги пресметував „успесите„ на Оливер Спасовски, кој 8 години е министер и кој е неговиот скор кога велеше дека се справил со криминалот. Некако се мислам, почна со она пукањето во Александар Палас, па пукањето на Рузвелтова кај Партизански одреди кај бившото СЈО, па продолжи кај Шиша Бар, па продолжи кај Ист Гејт, зборувам само за Скопје. Еве ако се пресмета од првото пукање до пукањето во Ист Гејт е се во радиус од 2.5 до 3 километри од Влада. Исто тука се случи и киднапирањето на Вања, колата на велешанецот и тука се поставува прашањето какво справување имаш ти кога ништо од ова не е разрешено, а се случува во дворот на Влада, за какво расчистување на криминалот зборува кога ниту еден од овие случаи не е разрешен, додаде тој.