Ветераните на ОВК се заканија – ако српската војска се врати на Косово ќе има војна

Косовците не сакаат враќање на српската војска на Косово. Ветераните на Ослободителната војска на косово (ОВК – UCK) реагираа на најавите дека Србија ќе бара враќање на нејзини полицајци и вројници во нејзинаа поранешна јужна покраина Косово и Метохија, и велат дека доколку дојде до тоа ќе има војна.

Претседателот на Организацијата на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Фатон Клинаку, вели дека ако се вратат 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово, војната е „неизбежна“.

Претходно, директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, ја повтори изјавата од саботата ноќта на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград ќе го бара враќањето до 1.000 припадници на безбедносните сили на Косово.

Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации од јуни 1999 година со којашто се бараше крај на судирите на Косово и Метохија и повлекување на војската и полицијата на тогашната СР Југославија од покраината, дава можност под одредени посебни услови дел од тој безбедносен персонал да може да се врати „со надзор на меѓународна безбедносна присутност и ограничен договорен број“. Притоа има различни толкувања, од Приштина тврдат дека станува збор за неколку стотици, а во Белград дека се однесува на до илјада припадници на српските безбедносни сили.

Со месеци наназад има тензии на Косово меѓу Србите и Албанците. Неодамна косовските полицајци одземаа вино од српско семејство. Србите се пожалија дека косовската полиција со возило влегла во двор на градинка во Лепосавиќ. Имаа и други поплаки, а претходно беа запалени неколку автомобили на косовски Срби.