Утрово по 7 часот, Скопје се најде на 21-то место на листата на големи градови и главни градови во светот според загаденоста на воздухот. Тоа е пад за 15-тина места по таа листа на специјализираната интернет страница Ајкјуер во однос на вчера кога Скопје беше меѓу првите 10 градови.
Сепак, тоа е повторно знак дека воздухот во Скопје е опасен и дека особено загрижува фактот што главниот град на Македонија ни одалеку нема таква индустрија каква што имаат останатите градови кои се на оваа листа, а со кои не може да се споредува ниту густината на сообраќајот.
Според расположливите податоци кои ги прибира интернет страницата, особено е опасно што постојано во Скопје е висока концентрацијата на најопасните и најканцерогени честички ПМ 2,5.
И оваа есен и зима ќе бидат уште една потврда дека властите немаат решение за намалувањето на загаденоста на воздухот.