Ветинг за сите од судии до политичари?

Кривична за фалсификатори од Струмица

Партиите согласни дека процес на проверка на  функционерите е неопходен во македонското општество, но имаат различни гледишта за тоа кој се’ треба да биде опфатен со еден ваков процес.

СДСМ вчера најавија дека веднаш по изборите на 12-ти април ќе биде спроведен ветинг на судиите и јавни обвинители. Социјалдемократите сметаат дека еден ваков процес е неопходен по последните случувања и одлуки на судиите и обвинителите.

Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец вели со овој процес треба да се провери како досега функционирало правосудството, но да се постават основите за здраво судство во иднина.

„Ние во овој момент ја ветуваме и зборуваме за спроведување на целосна детална контрола, наречете ја ветинг или контрола, на сите оние кои се чинители во правосудството и потврда на целиот нивни изминат труд, но и утврдување на нивно функционирање во иднина“, вели Локвенец.

Ветингот прифатлив и за ВМРО ДПМНЕ. Но, велат не само за судството и обвинителите туку и за политичарите.

„Апсолутно е потребен е ветинг. Да, не речам во секое време, меѓутоа треба да се опфати ветинг не само за сегашните или за оние именувани лица во правосудството, туку треба да се отпочне ветинг буквално за сите претходно. Но и да се отпочне ветинг и за сите политичари во Република Македонија. Бидејќи, сепак ветингот треба да го врши Влада која што нема инкриминирани дејствија. Така, да еве ние апелираме да се отпочне и со ветинг за политичарите, буквално за секој еден политичар кој што бил на функција или во моментот е на функција, или ќе следи на функција“, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски коментирајќи ги најавите на владејачката партија.

Инаку, за ветинг веќе подолг период наназад се залага и ДУИ. Партијата на Али Ахмети најави и предлог закон којшто ќе го достави до пратениците.