Поздрав до сите Македонци и до моите тренери. Добровечер Македонијо, победничка Македонијо. Ве обожувам. Благодарам за огромната поддршка. Фала му на Господ, рече македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, кој пристигна на плоштад Македонија, каде е организиран голем пречек за спортскиот херој.
Упати огромна благодарност до неговите тренери Дарко и Борче Костовски, како и до неговиот брат и сестра, на неговите клупски другари.
„Ветивме медал и донесовме медал. Да ја израдуваме Македонија пак, да живее Македонија“, додаде македонската гордост Георгиевски.
Тренерот на македонскиот олимпиец во таеквондо, Борче Костовски рече дека ова е само почеток.
„Во Париз одиме по злато, истакна тренерот и упати две пораки: Првата е: Чувајте го Дејан како капка вода на дланка. А втората- Македонија ВЕЧНА!“, рече Костовски.
Со големи овации Георгиевски кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше мноштво граѓани во центарот на Скопје. Се вејат македонски знамиња и се скандира неговото име.
Македонскиот таеквондист во вторникот ѝ го донесе сребрениот олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми.
Георгиевски загуби во финалната борба од фаворизираниот Русин Владислав Ларин со резултат 9:15. Претходно дента Георгиевски својот поход до финалната борба го започна со победата надактуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на слоновата коска. Потоа во полуфиналето Македонецот го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“.