![skopje plostad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/skopje-plostad.jpg?resize=696%2C427&ssl=1)
По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово воздухот во општините во Македонија е ниско или многу ниско загаден, според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Дополнително, согласно временската прогноза, за денеска има најави за северен ветер, дожд и снег во вечерните часови, што ќе биде причина да се растерети аерозагадувањето и полесно да се дише.
Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица, покажуваат утрово и повеќето апликации за мерење на квалитет на воздух.