Британскиот премиер Борис Џонсон, кој се најде во ситуација да жонглира со изборната кампања и состанокот на НАТО, апелираше на единство во сојузот на НАТО после критиките на францускуот претседател Емануел Макрон.
Џонсон го истакна значењето на НАТО за безбедноста на една милијарда луѓе.
– Во основата на НАТО стои ветување дека сите ќе застанеме во одбрана едни на други: сите за еден, еден за сите, изјави Џонсон по пристигнувањето во луксузниот хотелски комплекс надвор од Лондон,
Присуството на американскиот претседател во Велика Британија, каде е не ужива голема популарност, за Џонсон е непријатност, оценуваат британските медиуми. Тие забележуваат дека Џонсон постојано избегнува каква било „поврзаност” со американскиот лидер и вчера не се фотографираше со Трамп, а притоа двајцата лидери имаа состанок во Даунинг стрит.
Британскиот премиер негираше дека го избегнува Трамп.
„Не би сакал да се фотографирам со сите можни лидери на НАТО“, изјави Џонсон