Ѕвезда поведе против Партизан во финалето на АБА лигата

Кошаркарите на Црвена ѕвезда го победија Партизан со 85:82 (17:20, 22:19, 25:22, 21:21) како домаќини во салата „Александар Николиќ“ во првиот натпревар од финалната серија на регионалната АБА лига.

Натпреварот беше многу неизвесен и возбудлив од почетокот до крајот, а беше решен во пенал завршницата, каде најсмирен беше Дејан Давидовац од линијата заслободни фрлања. Алекса Аврамовиќ го промаши шутот од половина терен за продолжение, па Ѕвезда сега е поблиску до титулата.

„Црно-белите“ имаа +9 во првото полувреме, а толкаво водство имаше и Ѕвезда во еден момент од второто полувреме, но меќот беше решен во последната минута, кога судиите не еднаш беа во центарот на вниманието, пред сѐ поради гледањето на снимките.

Најдобар во дресот на Ѕвезда беше Јаго дос Сантос со 18 поени, шест асистенции и четири скока. Лука Митровиќ додаде 14 поени, колку и Милош Теодосиќ, додека Давидовац имаше 12 поени со седум скока. Сенка на целиот натпревар фрли повредата на Никола Топиќ во вториот дел, кој мораше да го напушти теренот поради повреда на ногата.

Џејмс Нанели беше најефикасен кај Партизан со 27 поени, Кевин Пантер додаде 13 со четири скока, додека Алекса Аврамовиќ заврши со 10 коша.

Следниот натпревар од финалето се игра во „Пионир“ во среда од 19,30 часот. Финалната серија се игра до три остварени победи.

Партизан добро офанзивно влезе во натпреварот, Нанели брзо ги постигна првите три поена, па „црно-белите“ имаа блага предност во воведните минути. Ѕвезда во текот на првото полувреме се мачеше со слободни фрлања и од ударите за „тројки“, но Теодосиќ погоди една за 11:11. Потоа се разигра Пантер, Нанели со „тројка“ донесе 17:18 за Партизан, а бидејќи Недовиќ беше надвор од ритам, „црно-белите“ на крајот од првите 10 минути имаа предност од 20:17.

Гостите набрзина го исполнија бонусот во вториот период, но ниту Ѕвезда не ги искористи максимално фаулите. Томпкинс имаше неколку промашувања и лоши потези, но затоа Митровиќ имаше 2+1 за 20:22. Аврамовиќ во следните минути внесе многу добра енергија и ритам во Партизан, па следеше серија „тројки“, а Нанели постигна една за 26:33. Имаа „црно-белуте“ и +9, но следеше серијата на Ѕвезда иницирана од Јаго за 35:35. Партизан начин да доаѓа до поени најде преку Нанели и Ледеј, а Ѕвезда преку Јаго и Давидовац на крајот од првото полувреме кое заврши без предност за некој од противниците 39:39.

Ниту на почетокот од третиот период Недовиќ не беше во добар ритам, но Давидовац започна со „тројка“. Ѕвезда отиде на 55:48, но потоа се разбуди Џејлен Смит, кој имаше неколку важни поени. Во тие моменти се повреди и Топиќ. По „тројката“ на Теодосиќ беше 64:55, но со иста мера одговори Пантер, а Смит се надоврза за намалување на заостанувањето на 61:64, на крајот од третата четвртина.

Кабокло му донесе предност на Партизан (65:64), но на другата страна погоди Боломој. Истиот играч атрактивни го блокираше обидот на Понитка, а Јаго беше најбрз во контранападот, па му асистираше на Лазиќ за нова „тројка“ и водство 69:65. Поради ова Обрадовиќ повика тајм-аут, по што Нанели „распали“ и погоди во многу важни моменти. Теодосиќ итро го навлече Кабокло на фаул на шут за три поена, а потоа реализираше три пенала за 74:73.

Кабокло беше половичен за слободни фрлања, а Теодосиќ ја загуби топката. Пантер промаши отворен шут за „тројка“, но Кабокло се избори за фаул, па ги реализираше двата пенала. Теодосиќ промаши тежок шут пеку играч за три поена, но ниту Нанели на спротивната страна не беше прецизен. Јаго беше смирен на линијата за слободни фрлања за израмнување на 76:76. Следната минута бразилскиот плејмејкер погоди од пробив со дополнително слободно фрлање кое го реализираше за 81:78, додека Партизан не искористи два напада во низа. Ѕвезда, исто така, пропушти две прилики да го реши натпреварот, па Пантер беше сигурен од слободните фрлањања и намали на поен заостанување и мечот беше решен во последната минута.

Недовиќ промаши удар преку Кабокло за два поена, по што беше досудена „мртва топка“. Часовникот претходно запре сред нападот на Ѕвезда, никој не забележа, па судиите долго ја прегледуваа снимката и заклучија дека остануваат уште 14,7 секунди. Ледеј и Давидовац беа на потфрлувањето, кое беше повторено по првиот обид, а потоа играчот на Ѕвезда среќно дојде до топката, изнуди фаул и реализираше двеслободни фрлања за 83:80. На ист начин беше прецизен и Нанели на спротивната страна, а потоа Давидовац повторно го направи истото и го постави конечниот резултат.