Ѕвезда славеше над Партизан во бурното дерби на АБА лигата

(Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs ©)

Кошаркарите на Црвена ѕвезда го победија Партизан со резултат 88:86 во во рамките на 18-ти коло од регионалната АБА лига, во мечот одигран во белградска „Арена“ пред 18.796 гледачи.

Вечното дерби траеше два ипол часа, а заврши со кош на Јаго дос Сантош со победнички влез до противничкиот кош. Во последниот напад на Партизан, Џејмс Нанали погоди по офанзивен скок, но времето истече за 0,1 или 0,2 секунди.

„Црвено-белите“ водеа во текот на целиот натпревар, во првото полувреме имаа и плус 20, додека во вториот дел успешно одбија неколку налети на Партизан. Сепак, „црно-белите“ успеаја да се доближат со „тројки“ и сериозно се заканија, кон крајот израмнија со слободните фрлања на Нанели, но Јаго во последната акција ја презеде одговорноста, го претрча игралиштетот и директниот чувар и поентираше покрај двајца играчи.

Неколкупати во текот на мечот дојде до конфликтни ситуации на паркетот, но тоа беа кошкања а во секое од нив беше вмешан Зак Ледеј, кој на крајот беше исклучен поради неспортско однесување и технички грешки. Во тимот на Ѕвезда технички грешки им беа досудени и на Теодосиќ и Гидраитис, а со такви казни минаа и тренерите на двата тима.

Херој на Звезда беше Џоел Боломбој со 14 поени и 13 скока, но неговите кошеви доаѓаа во многу важни моменти во вториот дел. Адам Ханга постигна 15 поени со три скока, додека Јаго дос Сантос имаше 13 поени со три скока и четири асистенции. Немања Недовиќ додаде 10 поени, а Рокас Гидраитис имаше 10, а Теодосиќ седум со пет асистенции. Кај Партизан се истакна Нанали со 19 поени, одличен беше Франк Камински со 18 поени и пет скока, Кевин Пантер ивпиша 14, а Ледеј и Аврамовиќ по 13 поени.

Црвена ѕвезда се издвои на врвот со скор од 16-2 во АБА лигата и го држи првото место, додека Партизан е втор со 13-5, исто колку и подгоричка Будуќност, која претходно во неделата славеше кај Мега со 92:72.

На почетокот од мечот под двата коша доминираа одбраните, но Ѕвезда погоди три „тројки„ и поведе со 9:0. Доужер ја прекина серијата на „црвено-белите“, но Јаго влезе во одличен ритам, им овозможуваше лесни поени на соиграчите и во првата делница Ѕвезда имаше водство од 17:6. Нанели ја постигна првата „тројка“ за Партизан, Ледеј неколкупати беше сигурен од слободни фрлања, како и Недовиќ на спротивната страна, додека Теодосиќ со „тројка“ и феноменална асистенција за Давидовац донесе резултат на 28:15.

Во текот на првата четвртина, малку недостасуваше да дојде до сериозна физичка пресметка меѓу играчите. Лазиќ се најде на паркетот, Ледеј се обиде да му ја украде топката, па Јаго натрча со останатите играчи од двата тима. Немаше поголем физички конфликт, само кошкање, а Пантер веднаш се обиде да ги смири страстите и му подаде рака на Лазиќ.

И втората четвртина носеше опасност од конфликтк, а Зек Ледеј повторно беше во центарот на вниманието. Крилниот центар на Партизан налета на Недовиќ кој го собори, а потоа влезе во вербален дуел со Теодосиќ. Судиите мораа да го погледнат видеото, па Теодосиќ доби техничка, а на Ледеј му беше досудена неспортска лична грешка.

По таа ситуација Ѕвезда отиде на предност 32:18, а во следните неколку минути ја задржа таа предност. Во тој период Ханга беше главен играч на кај Ѕвезда, додека Камински и Ледеј помогнати од Доужер се обидуваа да возвратат, но предноста на „црвено белите“ гласеше 44:25. Ледеј повторно се најде во центарот на вниманието, за малку ќе дојдеше до физички судир, но повторно судијата ги смири страстите и втрча меѓу крилниот центар на Партизан и Јаго.

Партизан до крајот на првото полувреме успеа да се доближи на минус 14 со поените и дополнителните слободни фрлања на Нанели и Пантер, иако претходно Ѕвезда водеше со 50:30. Пред самиот крај на втората четвртина, Теодосиќ изнуди и ги реализираше сите три слободни фрлања, а на големата пауза резултатот гласеше 55:38.

На почетокот на вториот дел судијата побара еден или повеќе навивачи да ја напуштат салата поради недолично однесување, а потоа веќе немаше прекин. Во средината на третата четвртина, Доужер заработи два брзи фаула кои го исфрлија од играта, а Ѕвезда се мачеше во нападот, па Партизан дојде до 57:46. Обрадовиќ доби техничка грешка, а Теодосиќ го искористи слободното фрлањет. Ханга влезе во серија на промашувања, додека Пантер исто така немаше среќа. Аврамовиќ направи одлична серија и со положување намали на минус 10, а Боломбој заби по промашувањето на Недовиќ. Ледеј не беше успешен во продорот, но Теодосиќ промаши отворен шут за „тројка“. Ледеј беше половично успешен од линијата за слободни фрлања, а Гедраитис постигна тројка за за плус 14. Одбраната на Ѕвезда веднаш потоа украде една топка, а Недовиќ реализираше „тројка“ за 66:49, а налетот на Партизан беше одбиен.

До крајот на третата делница Боломбој продолжи да доминира, додека Партизан пред последните 10 минути стигна до 72:56 преку Пантер, Ледеј и Камински.

Теодосиќ и Боломбој добро комбинираа на почетокот на четвртиот период, но Партизан не се предаваше. Нанели ги доведе „црно-белите“ до минус 12, а потоа Јаго реализираше две слободни фрлања. Камински погоди „тројка“ за минус 12, но Јаго возврати со флотер. Пантер уфрли „тројка“ за 81:70, па тренерот на Ѕвезда, Гркот Сферопулос мораше да повика тајм-аут.

Драмата почна да се надѕира веднаш потоа, кога Аврамовиќ со „тројка“ намали на минус 8. Двете екипи загубија по една топка во нападот, по што Недовиќ погоди во контранапад. Камински погоди „тројка“ по уште еден тајм-аут, а Теодосиќ промаши на спротивната страна. Боломбој оствари важна блокада во одбрана, но потоа направи фаул во нападот пи резултат 83:76. Ледеј потоа влезе во дуел со Гидраитис, кој налета на него откако Американецот непотребно го допрел по стомакот. По таа ситуација беше исклучен крилниот центар на Партизан, а техничка доби и Литванецот.

Пантер изнуди фаул за три слободни фрлања, со кои намали на 83:79. Гидратис промаши отворен шут за „тројка’, но Теодосиќ изненадувачки оствари офанзивен скок и со асистенција изнуди фаул. Гидраитис ги реализираше двете фрлања, а Аврамовиќ реализираше уште една „тројка“ за 85:82. Потоа Ѕвезда ја загуби топката во пренос. Аврамовиќ беше половично прецизен од линијата за слободни фрлања за 85:83. Сферопулос повика тајм0аут на 17 секунди до крајот. Недовиќ, потоа, исто така, реализираше само едно слободно фрлање, а Нанали по брза акција изнуди три слободни фрлања кои ги реализираше. Јаго во следниот напад поентираше за победа од смел продор во противничкиот рекер. Аврамовиќ го промаши целиот кош од речиси половина терен, а Нанели ја прифати топката и постигна кош за продолжение, но времето веќе истече.

АБА лига – 18. коло
Мега – Будуќност 72:92
Ц.Ѕвезда – Партизан 88;86

Сплит – ФМП (пон, 18.00)
Цибона – Задар (пон, 20.00 часот)

Одиграно претходно:
Крка – Морнар 79:72
Игокеа – Борац 78:62
Студентски центар – Цедевита Олимпија 82:78

ТАБЕЛА
1. Црвена ѕвезда 18 16 2 1592-1319 34
2. Партизан 18 13 5 1690-1369 31
3. Будуќност 18 13 5 1530-1385 31
4. Цедевита Олимпија 18 12 6 1560-1514 30
5. Игокеа 18 11 7 1460-1456 29
6. Мега 18 9 9 1527-1494 27
7. Задар 17 9 8 1368-1311 26
8. Студентски центар 18 8 10 1534-1547 26
9. Борац 18 8 10 1419-1507 26
10. Сплит 17 7 10 1304-1382 24
11. Цибона 17 6 ​​11 1332-1456 23
12. ФМП 17 5 12 1316-1475 22
13. Крка 18 4 14 1342-1521 22
14. Морнар 16 3 15 1358-1596 21