Ѕвездата на Штутгарт играл под лажен идентитет

Силас Вамангитука, напаѓачот на германскиот фудбалски клуб ВфБ Штутгарт, неодамна признал во клубот дека бил жртва на измама на неговиот поранешен менаџер и дека воопшто не се презива Вамангитука.

Водството на Штутгарт објави во вторникот во соопштение дека вистинското име на играчот е Силас Катомпа Мвумпа, и дека е роден на 6-ти октомври 1998 година во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго. Тоа значи дека е една година постар отколку што претходно се мислеше.

Лажниот идентитет наводно го измислил поранешниот агент на Силас кој тогаш 19-годишниот фудбалер го одвел во Пара, каде што му го променил презимето и датумот на раѓање. Клубот верува дека тоа е сторено за да се прекине врската меѓу фудбалерот и неговито матичен клуб од Конго, за да му се исплати отштета.

Штутгарт веќе ги известил Германската фудбалска лига (DFL) и Германскиот фудбалски сојуз (DFB), а клубот од покраината Баден Витенберг се надева дека Силас ќе добие нова лиценца за играње со вистинското име.

„Последните неколку години ги минав во страв, бев загрижен за своето семејство во Конго. Откривањето на својата приказна бим беше тежок чекор“, изјавил Силас.

Играчот му се придружи на германскиот бундеслигаш Штутгарт во 2019 година, во чии редови дојде од францискиот второлигаш Париз ФК.