Ѕвезди во пад ќе го осветлат ноќното небо

Се очекува небесниот огномет да го осветли ноќното небо додека Земјата минува низ облак од кометна прашина, кој произведува до 100 метеори секој час.

Доколку небото е ведро, метеорскиот дожд Персеиди треба да биде видлив ширум Европа од зајдисонце во ноќта на 12-ти август до раните утрински часови на 13-ти август.

Настанот е поврзан со фрагменти кои ги оставила Свифт-Татл, кометата која орбитира околу Сонцето еднаш на секои 133 години.

Метеороидите од кометите, обично не поголеми од зрно песок, согоруваат кога ќе удрат во атмосферата на Земјата со брзина од 90 километри во секунда, создавајќи низа светлина на небото.

Максималните температури можат да достигнат меѓу 1.648 и 5.537 степени Целзиусови кога ќе влезат во атмосферата.

Метеорите се нарекуваат Персеиди, бидејќи изгледаат како да излегуваат од соѕвездието Персеј.

Иако ќе го достигнат својот врв ноќта на 12-ти август, Даниел Браун, вонреден професор по астрономија на Универзитетот Нотингем Трент, рече да се внимава на секундарниот пик, доколку се случи.

„Метеорскиот дожд полека се зголемува од средината на јули за да достигне врв од 100 на час активност на 12-ти август, кога ќе се намали кон крајот на август. Најдоброто време годинава за време на главниот пик е втората половина на ноќта, тоа се раните часови на 13-ти август. Најдете место кое е темно, далеку од директна светлина“, вели Трент.

Рече и дека ќе бидат потребни до 30 минути за гледачите да се прилагодат на темнината, да бидат трпеливи и дека „најдобро е да се погледне на големо небо бидејќи метеорите ќе бидат видливи насекаде“.