Ви откриваме кој апарат мора да го има секоја кујна!

Доколку немате доволно простор во кујната и постојано размислувате што да разместите за да ви ги собере сите потребни апарати – најдобар асистент ќе ви биде преносната индукциска плоча за готвење Gorenje ICR2000SP. Покрај тоа што зафаќа минимален простор, има и низа други придобивки од неа. Ви откриваме кои се овие предности и зошто мора да го имате овој апарат во вашата кујна.

  1. Лесна преносливост

Индукциската плоча може да ја носите со себе насекаде, во канцеларија, студентски дом или ако одите некаде за викенд. Исто така, многу ресторани ја користат како помошна плоча за готвење.

  1. Го намалува времето за готвење

Во споредба со класичната електрична плоча, индукциската плоча ја готви храната побрзо, подобро се прилагодува на температурните промени и не бара многу време за ладење. Навистина е корисна во случај да треба да зовриете вода, да готвите супа или зеленчук, а кафето можете да го направите за само 20 секунди! Намаленото време за готвење значи и дека е зачуван поголем процент од витамините и хранливите материи во храната.

  1. Потрошувачката на електрична енергија е намалена

Кај стандардните рингли треба да почекаме прво да се загреат, за да се пренесе топлината на дното на тавата. За разлика од нив, на индукциските плочи, магнетното поле индуцира струја во дното на садот и директно го загрева, со што се избегнува губење на енергија поради преносот. Резултатот е скратено време за готвење, кое исто така заштедува електрична енергија.

  1. Безбедност и сигурност

Индукциските плочи се еден од најбезбедните типови на плочи за готвење. Повеќето од помодерните модели можат да се пофалат со две корисни безбедносни карактеристики – заклучување за деца и автоматско исклучување кога ќе се тргне садот.

Со висина од само 42 mm, единечната индукциска плоча за готвење од Gorenje е исклучително елегантна и лесно пренослива. Покрај тоа, многу е лесна за користење, благодарение на контролата со сензор на допир.

Дополнително, напојувањето може да се прилагоди во 10 нивоа на моќност од 300 до 2000 V. Доколку сакате да следите попрецизен рецепт, можете да изберете работна температура која се движи од 60°C до 240°C.

Со помош на индукциската плоча на Gorenje, готвењето навистина ќе ви оди како од шега, а токму сега можете да ја купите по одлична цена од само 2.990 денари!

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Gorenje.