Грчкиот заменик-министер за одбрана, Димитрис Вицас денеска изјави дека пристаништето во Пиреја ќе биде рсчистено од бегалци до Велигден.
При гостување на телевизијата „Антена 1“, Вицас рече дека постапката за разместување на бегалците и мигрантите „е на добар пат“ и оти друг приоритет на Владата е да се расчистат објектите во Еленико.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој се осврна и на организациите кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата под изговор дека ги заштитуваат бегалците и мигрантите, но сепак ја истакна и важноста на работата на сериозните невладини организации кои обезбедуваат вистинска помош.