Вице Заев со тужба против Николоски сака да го замолчи ВМРО-ДПМНЕ

По тужбата на Вице Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денес се одржи подготвително рочиште.

Братот на премиерот ќе го суди Николоски за дадена изјава, во која се открија низа криминали и скандали на власта поврзани со фамилијата на Заеви.

Според пишувања на медиумите фамилијата на Заеви е замешана во криминал којшто е тежок милиони и милиони народни пари, кои ги добиваат преку злоупотребување на позицијата на Заев како премиер на држава.

Зоран Заев ја злоупотреби службената функција и заедно со своето семејство влезе во сите сомнителни и валкани бизниси кои носат голем бенефит. Марихуаната е засадена во Валандово, каде беа обезбедени 17 хектари земјиште. Истата се експлоатира во општина Карбинци. Пласманот за марихуаната бил организиран за извоз во соседна Бугарија, каде што кланот Заеви имаат одлична соработка со други сомнителни бизнисмени кои се далеку од очите на јавноста.

Заев се уште бега и не сака на јавноста да одговори како фирмите на кланот Заеви го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ со над 1.800 м2 деловен простор за цена од 20.000 евра.

„СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во 4 очи. Истата врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со струмички регистерски таблици. Инаку сопственик на овие камиони не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

Опозицијата тврди дека нема да ја заплашат тужбите и нема да ја замолчат за да ја откријат реалната слика на оваа власт.