Фудбалерите на Видад од Казабланка по вторпат во својата историја ја освоија титулата на африкански шампион, откако во возвратниот натпревар од финалето на Лигата на шампионите на свој терен го совладаа египетски Ал Ахли со 1:0 (0:0), што покрај 1:1 од првиот меч во Каиро пред една седмица им беше доволно за конечен триумф.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Валид Ел Карти во 69 минута.
Видад својата досегашна единствена титула континентален шампион ја освои во 1992 година, додека во 2011 година беше поразен во финалето.
Ал Ахли е рекордер со осум титули првак на Африка, а до последната стаса во 2013 годна. Ова му беше трет пораз во финалните дуели.