Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Артуро Видал, потврди дека не планира да си замине од Торино за време на зимскиот преоден рок.
„Дали ќе си заминам од редовите на Јувентус за време на зимскиот преоден рок? Не, со 100% сигурност можам да потврдам дека ќе останам во Торино. Задоволен сум од мојата игра во првиот дел од актуелната сезона. Постигнав 10 погодоци, но морам јавно да им се заблагодарам на моите соиграчи кои ми помогнаа да постигнам толку погодоци. Мора да бидеме задоволни од тоа што Јувентус го има прикажано во новата сезона. И во саботата, на натпреварот против Лацио, кој во поголемиот дел го игравме со играч помалку, покажавме дека никогаш не се предаваме, дека се бориме до последниот судиски свиреж”, изјави репрезентативецот на Чиле.
Одличниот играч за врска веќе подолг временски период важи за голема желба на европските гигант Реал (М), Баерн (М), Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ, а неговиот потпис не може да биде осигуран со понуда помала од 50 мил. евра.