Чилеанскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Артуро Видал ги помина медицинските прегледи во родното Чиле, кои покажаа дека повредата која ја заработи на Светското првенство во Бразил е минато.
Со оглед на тоа дека Видал веќе ги има договорено и личните услови со Манчестер Јунајтед, патот за неговиот трансфер на Островот е чист, па сега останува само да се постигне договор помеѓу двата клуба околу оштетата која ќе треба да биде платена за одличниот играч за врска, а која според проценките на стручњаците нема да биде помала од 55 милиони евра.
Ова ќе биде трето мегазасилување за “црвените ѓаволи”, откако на Олд Трафорд веќе пристигнаа и Андер Ерера од Атлетик Билбао и Лук Шо од редовите на Саутемптон.