Либиски воен авион се урна синоќа во Тунис во регионот на Громбалиа, при што загинаа сите 11 патници.
Според информациите од цивилната заштита се работи за авион од типот „Антонов 26“ од советско производство. Меѓу жртвите се тројца лекари, двајца пациенти и шест членови на екипажот.
Пилотот, кусо време пред да исчезне авионот од радарските екрани, на контролорите во аеродромот во Тунис им дал сигнал дека леталото има проблеми со моторот.