Вознемирувачки настан се случи среде бел ден во Сао Паоло, при што бездомник почина во обид да спаси киднапирана девојка.
Луис Антонио да Силва (49) ја заробил својата девојка пред катедралата, по кавгата помеѓу нив која се водела во црквата. Девојката сакала да го напушти, а тој бесен ја зграбил и и’ вперил пиштол во глава.
Ерасмо Франциско Родригез де Лима (61), бездомник кој случајно се нашол на тоа место, без размислување истрчал да помогне на преплашената девојка, додека полицијата од страна смислувала решение како да се справи со киднаперот.
Во тој момент започнува да пука и киднаперот и полицијата, а храбриот херој е застрелан во градите.
Ве предупредуваме дека видеото е со исклучително вознемирувачка содржина: