ВИДЕО: 27 жртви на снежниот хаос во Канада и САД

Над половина милион домаќинства во северноисточна Америка и јужноисточна Канада се’ уште немаат електрична енергија по интензивната снежна бура која ги зафати минатата недела.

Иако работниците работат на мрежите постојано, градските власти предупредија дека некои домаќинства можно е да немаат електрична енергија и во текот на викендот.

Би-Би-Си јави дека снежното невреме однесе најмалку 27 жртви. Повеќето од нив починале од труење со јаглерод моноксид бидејќи користеле генератори на гас и печки на јаглен за да се стоплат на ниските температури.

Во Торонто, 72.000 лица го прославија Божик во мрак.