
Во полицициска акција во општина Ѓорче Петров едно лице е уапсено за изборен поткуп.
Акцијата се одвивала, како што пишува порталот Република, во населбата „Даме Груев“, веднаш по мостот. Приведено е лицето Н.К., активист на СДСМ.
На видеоснимката до која дојде Република се гледа зголемено присуство на полицијата, а во текот на денот се очекува да излезат со повеќе детали.