Култната шведска поп-група ABBA како сингл на цеде ја објави новата божикна песна под наслов „Little Things“.
Во спотот којшто е снимен за песната ученици расправаат за технологијата планирана за шоуто „ABBA Voyage“ закажно во Лондон во текот на 2022 година.
Таа технологија е користена за снимањето на движењата на членовите на бендот и нивното претворање во дигитални реплики кои ќе може да се видат на сцената во Лондон.
Учениците својата училница ја претвораат во продукциско студи за сета тоа самите да го изведат и самите да ја отствират музиката. Крајниот резултат е шоу на ABBA со божикна тематика.
„Little Voyage“ е првата божикна песна во кариерата на бендот ABBA, иако таква песна беше постојано барање од нивната голема заедница обожаватели.
Продукцијата „Universal Music“ објави дека целиот приход од продажбата на цеде-то же оди во фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата.
Песната е дел од новиот албум „Voyage“ кој Агнета Галтског, Бјорн Улваеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад го објавија на почетокот од ноември. Тоа е првиот албум на ABBA по речиси по 40 години.