Легендарниот шведски поп-бенд ABBA по четири децении првпат се враќа на топ-листата на првите десет сингла во Велика Британија, со два нови наслови од новиот албум „Voyage“ (Патување).
Нумерите „I Still Have Faith in You“ и „Don’t Shut Me Down“ го заземаа шестото, односно седмото место на британските топ-листи, покажуваат процените објавени во неделата кои се засноваат на првите продажби и објави преку стриминг. Официјалниот поредок ќе биде објавен овој петок.
„Доколку залетот продолжи, овие наслови ќе бидат првите сингли на ABBA меѓу десетте најдобври во Велика Британија по нумерата ‘One Of Us’ во декември 1981 година“, истакнува телото задолжено за класификацијата.
Песната „I Still Have Faith in You“ бележи добра продажба на CD-а и плочи, додека „Don’t Shut Me Down“ претходната седмица беше најпреземаната песна во Велика Британија, истакнуваат организаторите на рангирањата, додавајќи дека двете нумери до неделата преку стриминг се преземени по повеќе од 500.000 пати.
Двата сингла се поставени на „Voyage“, првиот студиски албум на ABBA по „The Visitors“ од 1981 година. Издавањето на албумот беше најавен во четвртокот во Лондон, со што претставува исполнување на ветувањето на ABBA за повторно собирање, што нејзините обожаватели со години го исчекуваа.
Четирите членови на ABBA, двете брачни двојки, а името на бендот е составен од почетните букви на нивните имиња: 75 годишната Ани-Фрид Лингстад, Агнета Фаелтског (71), Бјорн Улваеус (76) и Бени Андерсон (74) се разиде во 1982 година.
Албумот „Voyage“ се помесетени десет нумери, меѓу кои осум нови песни и две обработки, на „Just a Notion“ и „Bumblebee“, ќе се појави во продажба на 5-ти ноември.
Бендот познат по големите хитови и живописните костими за настапите од 1970-те години, подготвува и виртуелен концерт кој ќе се одржи во театар со 3.000 места во источен Лондон, посебно подигнат за оваа прилика. На концертот во траење од час и половина ќе се изведуваат нивните хитови, во интерпретатица на нивните подмладени холограми. Влезниците за концертот ќе се продаваат од вторникот.