Пејачката Адел се расплака за време на концертот во Антверпен во Белгија, а шоуто го посвети на жртвите од масакрот во геј клубот во Орландо.
Би сакала пред почетокот да кажам дека целиот вечерашен концерт го посветувам на сите во Орландо и на оние што претходната ноќ беа во клубот „Пулс“, рече Адел додека се обидуваше да ги задржи солзите.
Инаку, во масакрот во Орландо животите ги загубија 50 лица, а истиот се случи ноќта помеѓу саботата и неделата, кога 30 годишниот Омар Мартен изврши напад во клубот „Пулс“.