Адел на музичката сцена се врати во голем стил, но тоа имаше и своја цена.
Имено, сега нејзиното име е поврзува со обвиненија за плагијат на песна на курдскиот пејач Ахмет Каја, кој се прослави во Турција во 80-те години на минатиот век.
Сличноста меѓу песната на Адел „Million years ago“ и песната „Acilara Tutnmak“ на Каја, кој почина во 2000 година, ја забележале голем број негови фанови од Турција.
Сепак, Ѓултен Каја, вдовица на турскиот музичар со курдско потекло, кој почина во Франција, мисли дека Адел е преголема ѕвезда за да коирсти песни од нејзиниот починат маж.
– Но, ако тоа свесно е направено, тогаш во прашање е крадење, изјави таа за турскиот дневник „Пост“.
Турскиот музички критичар Наим Дилмер вели дека постојат некои сличности меѓу двете песни, но тие не се многу големи.
– Сепак, не мислам дека Адел ја слушала песната на Ахмет Каја и дека намерно ја копирала, изјави Дилмер.