(ВИДЕО) Аеродромот во Дубаи ќе користи кучиња за откривање Covid-19

A dog for detecting drugs at the airport standing near the customs guard.

Властите во Дубаи во моментов регрутираа дресери и кучиња со чијашто помош на меѓународниот аеродром ќе се обидат да го спречат ширењето на коронавирусот, пишува изданието Travel and Leisure.

Задачата на кучињата ќе биде, буквално, да ги надушкуваат патниците кои се носители на коронавирусот. Имено, во текот на истражувањето се покажало дека со 92-процентна точност кучињата може да го „надушкаат“ вирусот.

Одамна е познато дека сетилото за мирис кај кучињата е повеќекратно поостро отколку кај луѓето, па затоа и најчесто се користат за откривање дроги или експлозиви.

Обучувањето на кучињата за откривање на коронавирусот е сериозен и долготраен процес. За тоа е потребна добро опремена лабораторија, специјални уреди и опрема, како и пот од лица кои веќе се заразени со коронавирусот.

Аеродромот во Дубаи е првиот кој одлучи да ги користи кучињата за борбата со „увезувањето“ на вирусот, иако и властите во други земји ја разгледуваат таквата можност. Кучињата ќе се користат на дистанца, без непосредно да се доближуваат и да ги душкаат патниците.

Властите на Дубаи во јули донесоа одлука за отворање за туристички посети. Од патниците се бара да покажат веродостоен негативен тест на Covid-19, добиен не порано од 96 часа пред патувањето.