ВИДЕО| Африканската унија го осуди постапувањето со Африканците кои сакаат да избегаат од Украина

Африканската унија во понеделникот објави дека е вознемирена од извештаите коишто ги добива дека на државјаните на африканските земји кои сакаат да избегаат од војната во Украина им се забранува минувањето на границите во безбедните земји.

Илјадници државјани многу земји вклучитно и на африканските земји, особено студенти, брзаат да ја напуштат Украина по започнувањето на руската воена акција во оваа земја.

Меѓутоа, додека стотици илјади луѓе се трупаат на западните украински гранции, се појавија извештаи коишто говорат дека Африканците се третираат поинаку од Украинците и другите странски државјани и дека понекогаш им се попречува излегувањето од Украина и од местата на престојување.

Неколку лица на социјалните мрежи споделија видеозаписи и сведоштва и ја осудија дискриминацијата на железничките станици и на граничните премини. Агенцијата Reuters пишува дека не можела да ја потврди веродостојноста на тие видеоснимки.

„Да се издвојуваат Африканците за поинаку да бидат третирани би било вџашувачки расистички, а и би го кршело меѓународното право“, изјави ја во заедничката изјаваа претседателот на Сенегал, Маки Сали, кој претседава со Африканската унија, и Муса Факи Махамат, претседателот на Комисијата на АУ.

„Сите луѓе имаат право да ги минуваат меѓународните граници во текот на судири и би требало да ги уживаат истите права од конфликтот во Украина да минат на безбедно, независно од нивниот национален или расен идентитет“, се додава во изјавата.