ВИДЕО| Ахмети со песна им возврати на „огнените“?!

На социјалните мрежи кружи видео на кое Али Ахмети kаде во добро расположение се фати за песна и пуши цигара во неговиот кабинет.

„Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“, пее Ахмети.

Видеото  на распеаниот Ахмети се доведува во врска со вчерашната средба на „огнената група“ со огранокот во Студеничани, наводно дека лидерот на ДУИ со песна им одговара на „огнените“.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во саботата вечерта во Студеничани му порача на Ахмети дека тие „се со него, но и да не го гори јорганот за една болва“, алудирајќи на првиот вицепремиер Артан Груби.