„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ вечерва во арената „Алтис“ во Лисабон под реден број 11 ја претстави Република Македонија на првата полуфинална вечер на 63-от Избор на песна на Евровизија 2018, на кој годинава учествуваат 43 земји.
За жал, и покрај добриот настап, Македонија и годинава нема да биде застапена во големото финале во саботата. Од првата полуфинална вечер се пласираа Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.
Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток, а големото финале во сабота на 12-ти мај.